Митовски денес врачи договори на нови 13 талентирани ученици и спортисти од Крива Паланка
- Градоначалникот Сашко Митовски денеска свечено ги врачи договорите за стипендирање и поддршка на младите таленти од градот, ученици средношколци и студенти од Крива Паланка, како и стипендии за спортисти од индивидуални и екипни спортови од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од државава за 2025/2026 година.
Крива Паланка, 28 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот Сашко Митовски денеска свечено ги врачи договорите за стипендирање и поддршка на младите таленти од градот, ученици средношколци и студенти од Крива Паланка, како и стипендии за спортисти од индивидуални и екипни спортови од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од државава за 2025/2026 година.

-Оваа година Општина Крива Паланка стипендира вкупно 36 ученици и студенти од градот, од кои 13 стипендисти се нови потписници на договори за стипендии, а останатите се стипендисти кои ја продолжуваат стипендијата од претходната година согласно условите предвидени во договорот. Стипендиите се доделуваат девет месеци во годината, а изнесуваат 3 000 денари месечно. Исто така Општината врз основа на распишаниот конкурс за субвенциониран превоз и согласно склучениот Меморандум за соработка со АДПТУ „Пролетер“, додели и субвенција за 8 студенти кои студираат на државните универзитети, субвенционирањето е на два повратни месечни билети за тековната студиска година, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Градоначалникот Митовски нагласи дека Општината продолжува континуирано да ги спроведува овие мерки со цел да ги стимулира, мотивира и поттикне учениците во остварување на што поголеми успеси и резултати во локалната заедница и пошироко, зошто нивните успеси се основа за успешна иднината на градот и во оваа пригода им посака многу успеси, здравје и среќа во понатамошниот живот на младите таленти од Крива Паланка. ид/дма/
Фото: Општина Крива Паланка